Стил на неделата: Ирина Шајк демонстрира како се носат кожни мантили

Добивај вести на Viber

Кога руската убавица Ирина Шајк  шета по улиците на Њујорк, тоа не може да помине незабележано.

Кожните парчиња се враќаат во мода оваа сезона. Сè, од кожни хеланки до фустани е во тренд, а кожните мантили се истакнаа како омилени. Ирина Шајк ни даде одличен предлог за стајлинг на овие парчиња и покажа како оваа облека може да се комбинира на феноменален начин.

Вреди да се инвестира во кожен капут оваа година затоа што, според модните експерти, ќе се носи и во наредните сезони.

Во една прилика, Ирина одбра малку понеформална комбинација на кожниот мантил со фармерки за прошетка низ градот.

Во друга прилика, манекенката избра модел на мантил со струк, во црвена боја. Бидејќи е доволно ефикасен самиот, Ирина го комбинира со едноставен црн фустан и чорапи во иста боја.

Како и секоја пролет, кратки фустани со цветен принт, како и кожни јакни ќе бидат многу релевантни и шик за носење.

Како и да ги комбинирате кожните мантили изгледаат многу привлечно и скапо, а во него секоја дама изгледа женствено.

фото:profimedia