Таа навистина е убава жена: Работела како келнерка и за миг го променила животот - Најпознатата „грда убавица“ ги руши сите табуа и предрасуди

Модната куќа „Жан Пол Готје“ во соработка со дизајнерот Оливие Рустин вчера одржа ревија на високата мода во Париз. Познатата актерка Рози де Палма, која беше една од инспирациите на познатиот Готје, не сакаше да го пропушти тој моден настан.

Во одлично модно издание, со фантастични модни детали, во креации дизајнирани од модниот гениј Жан Пол Готје, на ревијата се појави Рози де Палма. Своја, различна, бескрајно харизматична и убава. Последниот епитет можеби го заслужува повеќе од кој било друг на јавната сцена, бидејќи таа во голема мера го редефинира концептот за женска убавина. 

Познатата Роза на јавноста ѝ е најпозната по улогите во филмовите на Педро Алмодовар: „Законот на страста“, „Кика“, „Жени на работ на нервен слом“ и „Цветот на мојата тајна“. Легендарниот режисер одигра клучна улога во нејзиниот живот.

Актерката е родена како Роза Елена Гарсија Екаве, а своето уметничко име го избра по родниот град во Шпанија, а на публиката ѝ се претстави како Рози де Палма. 

Рози е родена во работничко семејство, а на многу млада возраст покажала склоност кон уметноста, па одела на часови по танц и пеење. Пред да влезе во актерскиот свет настапуваше како солист на групата „Полошо не може“, а потоа се вработила како келнерка во мал бар во Мадрид каде што еднаш навратил Педро Алмодовар. И за неа навистина стана дека „подобро не може“.

Таа го заинтригирала познатиот режисер кој ѝ понудил улога во филмот „Законот на желбата“. Така започна нејзината филмска кариера, а од 1987 година до денес глуми во голем број филмски продукции. Само оваа година премиерно ќе бидат прикажани седум филмови со Рози во главната улога, додека неколку од нив се планирани за 2023 година. 

Глумела и во театарот додека постигнувала голем успех во светот на модата. Доволно е да се каже дека таа беше музата на Жан Пол Готје. Бавењето со манекенство и ја донесе титулата „најгрда убавица“ поради нејзината извонредна убавина.

Рози е убава жена, многу почитувана во филмската индустрија, а својата креативност ја покажа и во производството на парфеми, па во 2008 година создаде свој мирис, комбинација од роза, јасмин, црн пипер, какао и пачули.

Таа е исклучително посветена на хуманитарната работа. А со цел да ја поддржи кампањата против ракот на дојката и да ја подигне свеста за ризиците на кои се изложени жените, во 2009 година позираше гола за „Мери Клер“. Љубовниот живот го чуваше подалеку од очите на јавноста. Таа има два сина, но никогаш не кажала кој е татко на нејзините деца.


Фото: Профимедиа