Таткото на Меган Маркл повторно навредува: „На Хари не би му дал ни кокошки да чува“

Семејството на Меган Маркл не престанува да изнесува валкани алишта во јавноста, па повторно на површина испливаа новите изјави на нејзиниот полубрат.

Додека еден ден јавно се извинува, следниот ден повторно ги спомнува Меган и принцот Хари во негативен контекст. Токму кога се мислеше дека семејството на војвотката од Сасекс малку ќе се смири, пристигна нова прозивка.
Нејзиниот полубрат Томас Маркл моментално е во австралиската верзија на реалното шоу „Големиот брат ВИП“ каде што ја спомнува Меган секој ден.

Овој пат изјави дека таткото на Меган, Томас Маркл, не е голем обожавател на нејзиниот сопруг, иако никогаш не го запознал. Според Томас, неговиот татко никогаш не му верувал премногу на својот зет и не би му дозволил ни да ги „чува кокошките во дворот“ што ги одгледува кралската двојка.

„Татко ми не го сака. Вели дека не би можел да ги заштити ниту оние кокошки во нивниот двор“, изјави полубратот на војвотката пред домаќините во програмата во живо.

Дополнително, тој додал дека неговата кавга со познатата полусестра започнала кога тој пишал до палатата, прашувајќи дали може да се спречат папараците да ја нарушуваат неговата приватност. Сепак, тој не доби задоволителен одговор.

„Се што добив беше дека сум далечно семејство и не ги познавам тие луѓе. Тоа мора да дошло од Меган“, рече тој, иако Меган јавно се извини само неколку дена претходно.

извор:nova.rs