Моден фокус // Стил Профил
Уште една впечатлива креација: Тамара Котевска верна на македонските дизајнери
Тамара Котевска блесна во креација потпишана од македонската дизајнерка Силвија Михајловска на предоскаровскиот панел со останатите автори на филмовите номинирани во категоријата „Најдобар интернационален филм“.
Корежисерката на „Медена земја“ на настанот се појави во асиметричен фустан со интересен појас од модното ателје „Алшар“.
„Медена земја“ е единствениот документарен филм номиниран во категоријата „Најдобар интернационален филм“. Разговорот во кој учествуваат и Јан Комаса, режисерот на „Корпус Кристи“, Лаџ Лу, режисерот на „Клетници“, Педро Алмодовар, режисерот на „Болка и слава“ и Бонг Џун Хо режисерот на „Паразит“ можете да го погледнете во продолжение.
Фото: Официјална фејсбук-страна на Honeyland