Утринско кафе со Билјана Иљиевски: Кога е сончево имам сила светот да го превртам

Пиењето кафе ми е посебен обред, иницијација во новиот ден. Утрото секогаш ми почнува со кафе, станувам рано само за да можам да го испијам сама, во тишина. И многу ми пречи кога од некоја причина мора да го прескокнам овој обред. 

Многу ми е важен тој половина час мир и тишина, кога бавно се движам од сонот кон јавето, пред да ме зашамара реалноста.  

Кафе по мој  вкус... еспресо или американо без шеќер. 

Она што ми дава дополнителна енергија, освен испиена шолја кафе се сонце и точак. Кога е сончево имам сила светот да го превртам. Исто и после возење точак.  

Ме мотивира ќерка ми и љубопитноста. Сакам да знам се‘, да научам се‘, да направам се‘. 


Дневни обврски... работа, обврски низ дома, кафе со пријатели, филм со ќерка ми, печење колачи, DIY. 

Најчесто вечерите сум дома, со ќерка ми, гледаме филм, разговараме. Понекогаш со пријатели и вино. 

Сакам и да погледнам добар филм и да прочитам добра книга. Ама книгата е подобра. 

Мисла со која го започнувам или го завршувам денот:  - Биди промената што сакаш да ја видиш во светот.


* Билјана Иљиевски - Software tester and support*