Утринско кафе со Марио Петровски: Пробајте да бидете барем 1% успешни секој ден

Денот го започнувам така што секое утро се трудам во првите 30 минути да не го чепкам телефонот додека не си ги завршам утринските обврски. Потоа си правам кафе и си го планирам целосно денот каде ќе oдам, што ќе правам ... итн.


Најмногу ме мотивира тоа што кога ќе си поставам некои цели дали на дневна основа, месец или година, да работам на тоа напорно, и да успеам да ги завршам. Во принцип пробајте да бидете секој ден успешни, 1% секој ден да сте подобри на долга стаза односно за 1 година вие сте 365% подобри и поуспешни луѓе.


Секој ден по завршување со кафе одам во теретана вежбам стомак и кардио во време траење од 1 час, каде подоцна се враќам дома доручкувам и почнувам со приготвување на храна за цел ден, за да заштедам на време и да можам да се посветам на многу други работи. По завршување со оброци имам пауза од 1-2 часа каде одмарам, гледам некои видеа поврзани со фитнес и начин на живот, комуникација и видео разговори со онлајн клиенти. Потоа одам повторно во теретана каде работам со персонални клиенти и мој тренинг со тегови. 


Доколку имам простор и слободно време излегувам во град на кафе, сок или мала прошетка, но најчесто после персонални тренинзи си одам дома и работам на компјутер со онлајн клиенти каде детално проверуваме техника, дишење и слично. 

View this post on Instagram

A post shared by M͎A͎R͎I͎O͎ (@mario.fitnesstrainer)



Не сум голем љубител на гледање филмови, но повеќе сакам и уживам во читање книги поврзани со фитнес или некој подкаст на јутуб.



*Mарио Петровски - фитнес тренер