Утринско кафе со Викторија Цонева Николиќ: Креативноста кај човекот секогаш инспирира

Денот ми започнува околу 09:00 часот најчесто со телефонот во рака (се смее)  и најпрво размислувам за јадење отколку за кафе, иако во последно време сум голем љубител на кафе. Никогаш не ми треба кафето за да се расонам тоа го оставам за подоцна, кога ќе стигнам на работа заедно го пијам со колешките и клиентите. 

Креативноста кај човекот секогаш инспирира на мотивација. Најмногу се мотивирам со мојата креативна работа. Кога ќе нацртам добри нокти се трудам следните да бидат уште подобри. Или кога ќе направам добра уметничка слика, веќе се радувам за следната дека ќе биде подобра, или кога ќе направам добар сет од епоксидна смола, и сл... Исто така секогаш се мотивирам и од успешни луѓе, следам интернет платформи на кои луѓе ги споделуваат своите искуства како тие стигнале до врвот. Покрај тоа би кажала дека секое чувство, надеж, љубов и емоција се голема мотивација за мене и тоа колку малите работи ме прават среќна. 

Обично денот ми започнува во козметичкиот салон. Работам скоро 11 години и со клиентите си имам изградено таков меѓусебен заеднички однос што понекогаш се шалат дека треба да им наплаќам и за сеанси за психолог и доктор бидејки темите на разговор ни се многу опширни... Исто така работам и како едукатор за нокти, изработувам по нарачка предмети од епоксидна смола, правам накит, цртам чаши, вазни, уметнички слики на платно, свеќи и слични креативни работи. Обожавам да готвам и многу често се релаксирам со тоа, а знам да направам и некоја фотка за Инстаграм за да им се пријаде и на тие што ме следат. 

Во текот на летниот период немам многу време слободно време, но секогаш гледам да најдам време и за теретана.  

Денот го заокружувам со убаво јадење и една чаша алкохол. Заедно со фамилијата или пријателите. Го организирам утрешниот ден и се релаксирам со убава музика. 

Сакам и книги и филмови. Обожавам филмови и серии (странски нормално) но почесто времето го поминувам гледајки филмови отколку читање книги.


* Викторија Цонева Николиќ - козметичарка*