Ужасно утро за Македонија: 45 луѓе загинаа во македонски автобус на автопатот во Бугарија, меѓу жртвите и 12 деца

фото:BGNES

Утрово ужасна трагедија ја потресе Македонија и регионот - 45 лица загинаа, а седум се повредени во автобуска несреќа на автопатот Струма во Бугарија, во текот на ноќта. 

Се запалил автобус со македонски таблици и настанала експлозија. 
Автобусот патувал за Северна Македонија, а во Бугарија влегол од Турција, каде најверојатно луѓето биле на екскурзија во Истанбул.

Според првичните информации, причината поради која луѓето не можеле да се спасат е тоа што автобусот се превртел и се запалил, информираа од бугарското МВР.

Премиерот Зоран Заев, заедно со министрите за здравство и за надворешни работи веќе се во Бугарија, во интервју за Бугарија ON AIR, рече дека ќе се сретне со седумтемина преживеани од трагедијата. 

Меѓу жртвите има и 12 деца, од кои две се близнаци. Неколку лица се извлечени од огнената стихија и пренесени во Пирогов.

Заев вели дека успеал телефонски да разговара со едно од лицата сместени во болницата „Пирогов“. 

“Тој рече дека слушнал експлозија. Тој и другите шест преживеани ги скршиле стаклата на автобусот и успеале да побегнат и да се спасат. Жртвите на трагедијата се млади луѓе на возраст од 25-30 години, има и 12 деца. Трагедијата е голема“, порача Заев.

Премиерот на Северна Македонија, откако на лице место се запозна со состојбата на повредените, ќе се сретне со неговиот бугарски колега Стефан Јанев. 

Македонските власти веќе ги информираат роднините на загинатите.

Повеќе информации за несреќата на Фактор