Вака изгледа станот на Марија Килибарда: Црно-бели слики, посебни детали, а ова е нејзиното омилено катче (ФОТО)

Убавата водителка мислела на секој детал кога е во прашање уредувањето на нејзиниот стан

Водителката Марија Килибарда е едно од најомилените ТВ лица, а кога не е на работа, Марија слободното време го поминува дома со своите најблиски.

На нејзиниот Инстаграм профил може да се видат бројни фотографии од нејзиниот стан. Сите веднаш ја забележаа фотелјата, која се наоѓа во дневната соба, и е во неутрални тонови, а која, се чини, е омиленото место на водителката.

View this post on Instagram

A post shared by marija kilibarda (@kilimara)


Големиот број книги под телевизорот се доказ дека сака да чита. Сите други детали во однос на сликите и украсите одлично се вклопуваат и го комплетираат просторот.

Марија покажа и уште едно ќоше од својот стан, поточно ѕидот на кој има бројни црно-бели фотографии.

Во својот стан, во слободно време Марија се занимава со јога, поради што очигледно има совршена линија и важи за едно од најзгодните ТВ лица. 

Водителката сподели и фотографија од станот, каде имала час со инструктор по јога, а во таа прилика покажала како изгледа нејзината дневна соба.