Веганка почнала да јаде месо, а после 3 недели на светот му ги покажала неверојатните промени на своето лице (ФОТО)
Често имало заблуди за веганската исхрана и прашањето што всушност се вегетаријанци, а што вегани.Сега знаеме дека вегетаријанците не јадат месо, риба или живина, а веганите, освен што се вегетаријанци, не користат други производи од животинско потекло. Иако оваа исхрана има свои предности, треба да бидеме свесни за нејзините недостатоци.
Неодамна, блогерката Касуми Крис од Холандија, која четири години била веганка, покажала како и се променило лицето, по само три недели кога почнала да јаде месо.
Крис во еден момент одлучила да се префрли на веганска исхрана поради здравствени причини и тврди дека тоа и донело бројни придобивки како што се намалување на акните, добивање повеќе енергија и слично.
Меѓутоа, по две години веганство кожата и се променила, повторно добила акни, а лицето и било суво и иритирано.
Забележала големи оштетувања на ноктите и косата, а поради стресот кој го претрпело телото, ја изгубила менструацијата четири месеци.
Кога првпат решила да го прекине веганскиот режим, изела едно варено јајце, а после тоа, во следните три дена, нејзиното расположение драстично почнало да се подобрува, пренесува BrightSide.
После тоа, Крис одлучила да ја прекине веганската исхрана.
„Понекогаш се чувствувам чудно, но мислам дека тоа е вистинската одлука“, го споделила своето искуство во тоа време со бројните придружници.
Видливи промени по три недели
„Кожата ми изгледа подобро, лицето не ми е отечено и што е најважно повеќе не се чувствувам безживотно.“ А промената е повеќе од забележлива, фотографијата лево покажува како изгледала кога била веганка четири години и јадела само овошје и зеленчук, додека Крис е прикажана на десната страна во времето кога почнала да јаде месо.
Секако дека треба да бидеме свесни за фактот дека секое тело реагира различно, но и дека не треба да се форсираме и да се одлучиме само на едно нешто, бидејќи телото страда, а ако на вашето тело му треба нешто повеќе или поразлично од вообичаената исхрана, можеби треба да го слушате.
Затоа што, вистинскиот начин на исхрана е оној кој одговара на вашето тело и поради кој вашето тело не трпи ништо.
Фото: Инстаграм