За еден месец може да не остане незаразен човек: Професорот Трајковски сведок на разулавено однесување, пијано пеење со директно внесување в лице во кафеаните

Во новата година влегуваме со висок старт на бројките, а за еден месец може да не остане незаразен човек при вакво однесување, посочува професорот Трајковски во неговата последна анализа за корона вирусот во Македонија. Вели дека најбрз раст на бројките има во Битола и во Струга, а според него тоа воопшто не е случајно, зошто во овие два града, како што вели се детектирани првите случаи на омикрон варијантата.

-Многу нема да ни помогне вниманието, кога вакви луѓе ќе го расејуваат вирусот насекаде. Доколку тие би оделе само во кафеани, не би било многу страшно, но одат и во маркети, на работа, во разни институции каде циркулираат многу луѓе. Практично нема начин да се избегне заразувањето. Останува да се надеваме на делумниот имунитет од прележувањето и вакцинирањето, но зошто мора сé да биде вака, во секој бран сé понеконтролирано?, пишува во објавата проф. Трајковски.