Зад маската на среќата се криеше пекол: Најубавата жена во Југославија по две децении брак најде сила да сврти нов лист

Иако имаше слава, убавина и почит, долго време се зборуваше дека измамите на нејзиниот сопруг ја скршиле, се додека не одлучи да продолжи понатаму и најде нова среќа.

Некогаш, официјално најубавата жена во Југославија беше Сузана Жуниќ. Убавата Мис на Југославија имаше слава, убавина и внимание, а во 1988 година беше прогласена за најубава жена на тогашната држава, што беше голема чест.

Кога ја зеде оваа лента, немаше маж што не ја сакаше, а за неа посебно се интересирал надежниот хрватски фудбалер Игор Штимац.

Двајцата беа поканети на најважниот прием во земјата, и не поминала многу од нивната средба да прерасне во романса која беше главна тема на медиумите.

Нивниот брак траеше 19 години, но зад затворени врати, далеку беше идеалот за среќа, и покрај нивната популарност, убавина и почит во јавноста.
Се пишуваше дека Сузана потонала во незадоволство и носела маска на среќна жена, додека Игор ја изневерувал со мисици, актерки, пејачки, а се зборувало и за неговата романса со Алка Вуица.

Наводно станува збор за капка која ја прелила чашата, а Сузана по две децении решила да го остави сопругот со кој има три деца - синот Лука и ќерките Миа и Деа.

„Навистина е понижувачки да се сфати дека сте седеле во друштво на луѓе со кои сопругот ве изневерувал многу пати, а вие не сте имале ни идеја за тоа. Сите тие девојки, а особено Алка, всушност ми помогнаа да го сменам мојот живот на подобро. Откако го доживеав тоа понижување и разочарување во Игор како личност, а не како сопруг, се свртев кон себе и кон моето хоби, бидејќи само така можев да го зачувам внатрешниот мир “, рече еднаш Сузана.

View this post on Instagram

A post shared by Suzana Zunic Milačić  (@suzanazunicart)


По разводот од Штимац, Сузана по шест години врска во 2015 година се омажи за тренерот на кошаркарскиот клуб Шибеник, Дамир Милачиќ. А денес, таа се занимава со сликање и е максимално посветена на тоа.

View this post on Instagram

A post shared by Suzana Zunic Milačić (@suzanazunicart)


извор:GLOSSY