Застрашувачко 17-години старо видео од Том Круз кружи на интернет: „Се виде дека е психопат, јас би се расплакала некој така да зборува со мене“

Видеото на кое шокираниот Том Круз одговара на прашањето на новинарот Питер Овертон во емисијата „60 минути“ стана вирална 17 години по првото емитување.

Видеото датира од 2005 година, а во истото Круз луто го искара Овертон да „се сети на неговите манири“, откако го прашал за Никол Кидман, веќе неговата тогашна поранешна сопруга. Сега видеото е прегледано повеќе од два милиони пати.

Новинарот го праша актерот „Дали Никол е љубовта на твојот живот?“, иако во тој момент поминаа четири години од нивниот развод.

„Што мислиш, Питер? Како би одговорил на прашањето?“, одговори Круз.

Овертон продолжи да инсистира на темата, прашувајќи се во каква врска биле поранешните сопружници, а тоа е моментот кога Том ја изгубил присебноста. „Ова е работата. Сега ја премина границата. Ја помина границата и го знаеш тоа“, рече тој и продолжи да зјапа во својот соговорник.

„Претпоставувам дека тоа се прашања за кои луѓето се заинтересирани“, се брани водителот.

„Петар. Петар... Ти сакаш да знаеш. Преземи ја одговорноста за тоа, за она што сакаш да го знаеш. Затоа сега убаво ти кажувам, сети се на твоите манири“, го заврши разговорот.


Видеото предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, а многумина Круз го нарекоа едноставно „страшен“. „Импресиониран сум од тоа како се справи со ситуацијата“, „Непријатно, но само за Питер. Том покажа како да се повлече јасна линија во секоја несакана ситуација“, „Тој беше цврст и решителен, лекција од 20 секунди за тоа како се решаваат разговори достоинствено, кои не сакаме да ги видиме", „Брилијантно, без трошка агресија", „Страшно е да се остане толку смирен и толку убедлив", „Не можам да замислам некој да зборува со мене на овој начин. Би почнала да плачам“, „Точно се виде дека е психопат, овој настап кажува се‘“, се само дел од коментарите.

Овертон, исто така, зборуваше за оваа непријатна ситуација во 2020 година: „Останав тоа што сум за време на интервјуто и не се налутив. Не се сеќавам на Том со злоба. Тоа беше еден од тие моменти“.


Фото и Видео: Youtube