Бебенце со редок синдром го маѓепса цел свет: Родено е со „трајна насмевка“, но мора да се оперира

Таа стана вистинска ѕвезда на Интернет

Малата Ајлина е родена во Австралија на крајот на минатиот декември, со многу редок синдром наречен „трајна насмевка“.

Кога се родила, како и сите родители, биле воодушевени кога прво го виделе своето бебе, но веднаш потоа добиле информација дека нејзината уста не е сосема нормална.

Лекарите тогаш рекле дека новороденчето развило балатерална макростомија, исклучително ретка состојба кога аглите на усните не се поврзуваат правилно.

„Не бевме свесни за оваа ситуација, ниту пак некогаш сме сретнале некој роден така, па тоа беше голем шок за нас“, велат родителите.

Living for these moments. #trending#viral#fyp#hitthisup#cute#baby♬ Accidentally in Love - KiD RAiN

Според една студија објавена во 2007 година, во светот забележани се само 14 такви случаи. Иако оттогаш можеби бројот се зголемил, фактите се дека оваа состојба е толку ретка што докторот кој ја породил оваа мајка првпат го видел.

Освен тоа, ултразвучните прегледи не ја откриле оваа абнормалност, па лекарите кои ѝ правеле царски рез останале шокирани.
- Штом ја видовме се загриживме. Она што беше најлошо за мене е што на докторот му требаа неколку часа да ни одговори. Самата болница имаше малку информации за оваа состојба. Размислував каде сум згрешила, дали е до мене, особено затоа што бев толку педантна во текот на целата бременост – изјави мајката.

@martelystore #trending #viral #fyp #hitthisup #cute #baby #outfit ♬ original sound - Leezenyyy


Макростомијата е повеќе од само козметичка абнормалност бидејќи може да влијае на доенчето, особено кога цица. Поради влијанието што го има врз функционалноста, овие пациенти често се оперираат и на тој начин го решаваат овој проблем.

- Допрва треба да ги добиеме точните детали за операцијата, но знаеме дека тоа вклучува шиење на кожата и има минимални лузни - рече таткото на детето.

Но Ајлина е преслатко бебенце чија насмевка луѓето обожаваат да ја гледаат.

извор:najzena

Малата Милица има ретка болест наречена ангелски образи: Со насмевка ги урива предрасудите