Болна лага која траела долго: Моментот кога сопругата на Арнолд Шварценегер сфатила дека има дете со куќната помошничка

Пред десет години се случи еден од најголемите скандали во историјата на Холивуд: Марија Шрајвер го напушти познатиот актер, поранешен Мистер Олимпија и поранешен гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер, по речиси 30 години брак. Причината: неговиот однос со нивната куќна помошничка и нивното непризнаено дете!

Милдред Патриша Баена работеше за семејството Шварценегер дваесет години. Таа беше речиси дел од семејството, сакана и ценета од славниот пар и нивните четири деца. Милдред и Марија Шрајвер беа бремени во исто време и двете се породија во есента 1997 година, а семејството Шварценегер дури беа и гости на крштевањето на  синот на Милдред, Јосиф.

И тогаш еден ден, во текот на пролетта 2011 година, Марија Шрајвер се загледала во синот на жената што ја викаше Пети од милост. Кога го погледнала малку подобро, сличноста помеѓу тинејџерот и нејзиниот сопруг била неверојатна. И кога ќе го погледнете и денес, ќе забележите дека Јосиф повеќе личи на Арнолд Шварценегер отколку децата што тој ги има со Марија. 

Шрајвер веднаш се соочи со нејзината куќна помошничка и праша дали нејзиниот сопруг е таткото на Јосиф. Принудена, Пети го призна она што Марија веќе беше сигурна дека е единствената вистина: Пети имала афера со Арнолд, а Јосиф е плод на таа страст.

Сопругата на Шварценегер веднаш закажала состанок со брачен советник и штом пристигнале, таа оставила на терапевтот да ја започне приказната што таа немала сила да ја започне.

- Во моментот кога седнавме, терапевтот се сврте кон мене и ми рече: „Марија сакаше да дојде овде денес да те праша за детето - дали си татко на детето на вашата слугинка Милдред - раскажува за тој момент Шварценегер во своите мемоари „Мојата неверојатна животна приказна“.

Како што истакна, мислел дека неговата сопруга закажала состанок со цел лесно да го надмине преминот од јавен во интимен и семеен живот. Кога ја слушнал оваа реченица, од која долго време се плашел, само рекол: 

- Вистината е.

Како што признава, се обидел да ја убеди да му прости, ѝ велел дека е свесен за неговата вина ... Не вредело ништо и таа се иселила од нивниот семеен дом.

Шварценегер истакна дека имал врска со Милдред во 1996 година, во куќата за гости на неговиот имот во Калифорнија, додека Марија била на одмор со своите деца, а тој останал во Лос Анџелес поради снимањето на филмот „Бетмен и Робин“. Меѓутоа, кога помошничката забременила, тој не ни помислувал дека е татко, и очигледно свесна за тоа не била ни самата Милдред. Но, нејзиниот сопруг можеби се сомневал, пишуваа странските медиуми во времето на скандалот, бидејќи тој го напуштил семејството три години по раѓањето на Јосиф. Сепак, момчето пораснало во близина на Шварценегер и тој го гледал често, па забележал колку е сличен на него.

- Сфатив дека има многу малку простор за сомневање дека тој не е мојот син - призна актерот.


**Jосиф е опседнат со фитнес како и Арнолд во младоста

Штом дојде до ова сознание, почна финансиски да им помага на Милдред и Јосиф, а подоцна им купи луксузна куќа со четири спални соби во Лос Анџелес.

Подоцна откри дека долго размислувал за тоа што го натерало да ја изневери жената на неговиот живот на таков страшен начин и да го уништи неговото семејство, а единствениот одговор до кој дошол бил: глупост. Тој има четири деца со Марија.
„Верував дека секогаш можеш да се извлечеш со игнорирање на правилата “, вели тој.

Разводот помеѓу Марија Шрајвер и Арнолд Шварценегер беше реализиран дури во 2017 година, а актерот се'  уште не се откажува од обидот таа повторно да биде негова сопруга.

„Можете да го наречете тоа негирање, но така функционира мојот ум“, посочува тој.

извор:GLOSSY
фото:profimedia