Викенд хороскоп:Стрелците да очекуваат љубовни предизвици, изненадна средба за Близнаците,
Дознајте што ви предвидува хороскопот за претстојниот викенд...
Овен
Ова е момент да се пофалите, да верувате во себе и да целите високо. Слободно пофалете се со своите успеси, го заслуживте тоа! Овој викенд избегнувајте лоши луѓе, бидејќи тие нема да влијаат добро на вас.
Бик
Вие знаете дека постојат ситуации кога е најдобро да се смирите и да останете незабележливи. Оваа стратегија може да ви послужи и овој викенд, освен доколку не сте подготвени да го превртите вашиот живот. Сѐ зависи од вашата самодоверба и храброст.
Близнаци
Можеби имате некој увид во тоа што другите луѓе мислат и прават, но никако не ја знаете целата вистина. Овој викенд може да биде поволен за патување - секако ќе биде подобар отколку што очекувате. Може да се случи и неочекувана средба и подобрување на односот со партнерот.
Рак
Можеби би било корисно да им пружите поддршка на младите членови во вашето семејство. Овој викенд може да биде обележан и со вашето однесување на кое ќе влијае некој одамна заборавен настан и сеќавање.
Лав
Имате големо внилијание на луѓето и затоа свесно одбирајте овој викенд да бидете што попозитивни - охрабрувајте ги и даде им чувство за надеж. Можеби вие самите нема да бидете во тоа расположение, но обидете се, ќе биде добро и за вас.
Девица
Имате стравови и сомнежи и единствено решение е практичната акција. Ќе ви биде корисно и да се одморите малку во текот на викендот, сонувајте и планирајте како да ги остварите своите цели.
Вага
Оваа недела беше одлична за вас, па така ќе продолжи и за време на викендот. Ги решивте сите стари проблеми и ве очекува прекрасно поминато време со семејството и пријателите. Постои можност за романса. Ова беше напорна недела, па искористете го викендот за одмор.
Шкорпија
Неделата зад вас беше полна со предизвици: пари, кариера, односи... Но, доаѓаат подобри денови, не се откажувајте!
Стрелец
Обрнете внимание на пошироката слика. За Стрелците кои се во врска ова беше недела полна со предизивици и предизвиците продолжуваат и за време на викендот. Поведете сметка за здравјето: наспијте се и хранете се здраво!
Јарец
Следните неколку недели би можеле да донесат многу изненадувања, па искористете го овој викенд за одмор. Уживајте во момент. Може да се појават трошоци поврзани со куќата.
Водолија
Би требало малку да ги оставите на страна своите интереси и да се посветите на луѓето кои ги сакате. Можеби ќе дојде до недоразбирања во комуникацијата - обрнете внимание.
Риби
Изгледа дека другите ќе ве зимаат здраво за готово. Можеби дојде момент јасно да објасните како се чувствувате.