Деп: Врвен манипулатор, глумеше љубов, а беше агресор - Херд: Тој е демон полн со бес кој ме презира

Адвокатите на Џони Деп на денешното судење изјавија дека „длабоко проблематичната“ Амбер Херд дала се‘ од себе актерот да ѝ принуди брак, пред да го смени сценариото и да почне да го напаѓа и критикува.

„Мис Херд е многу проблематична личност која манипулира со луѓето околу неа“, изјави Камил Васкез, адвокат на Деп.

„Таа го бркаше, му се нафрлуваше. Се обиде да го придобие глумејќи заљубена девојка и успеа - тој се „затреска“ во неа“, истакна Васкез.

Адвокатскиот тим на Деп откри и дека познатата русокоса прибегнала кон физичко насилство, фрлала по него, го удирала, му кажала дека е кукавица и дека не е доволно маж затоа што не сака да се занимава со неа. Тие додадоа дека пријателите на познатиот актер гледале „црвени знамиња насекаде“, како и дека „вистинската Мис Херд со текот на времето почнала да се појавува“.

„Таа ќе го караше, ќе врескаше по него... Тој се обидуваше да ја смири, но тоа продолжи да се случува. Почна да се однесува со неа на истиот начин како што тоа го прават децата, убидувајќи се да побегне, но неговиот обид да побегне, ја разлути госпоѓица Херд. Таа ги изедначи насилството и гневот со стравот. Ќе се извинеше со поетски изјави, како насилството всушност треба да покаже колку е жестока нејзината љубов кон него“, објасни Васкез.

Адвокатите на Деп исто така тврдат дека брачниот советник на поранешните сопружници ја опишал Херд како „агресор“ во таа врска и дека тимот на актерот изнајмувал дополнителна хотелска соба на секое патување за Џони да има каде да оди кога Амбер ќе има напад на бес, пренесува Дејли мејл.

„Г-ѓа Херд се обиде да избегне јавно понижување и да се претстави како благородна жртва и претставник на движењето #MeToo. Имаме докази дека е опседната со јавниот имиџ, што е приоритет број еден. Откако доби 7 милиони долари од г. Деп, таа најави дека не сака ништо од него и дека ќе ги донира парите. Но, оттогаш нема донирано ниту цент“, продолжи адвокатскиот тим.

„Госпоѓица Херд и нејзините адвокати ќе ви кажат некои навистина ужасни работи за злоупотреба. Тие се дизајнирани да ве шокираат, да бидат експлозивни и да ве одвлечат од здравиот разум кој јасно ви кажува дека сè е лага. Таа лаже и го прикрива тоа со уште лаги во постојано променливата, сè подраматична приказна што таа ја развива“, рече Васкез.

Од друга страна, адвокатите на Херд раскажаа сосема поинаква приказна. На поротатаѝ кажаа дека Деп е полн со бес и дека е „како демон“.

„Тој ја гледаше својата сопруга Амбер како мајка и својата сестра која ја мразеше. Ова е приказна за еден сосема поинаков Џони Деп кој има огромно количество гнев. Тој е како лут демон, кој го поттикнуваат алкохолот и дрогата“, изјави адвокатката Елејн Чарлсон Бредехофт, додавајќи дека имаат список на лекови на рецепт за кои Деп од 2014 година плаќал 150.000 долари месечно.

„Во текот на годините на заедништво, Деп вербално, физички и сексуално ја злоставуваше Амбер. Таа ја направи истата грешка како и милиони жени пред неа. Избра да остане и да се обиде да го реши проблемот. Мислеше дека ќе се подобри ако го мотивира да остане трезен. Се обиде“, додале адвокатите на актерката, кои исто така тврдат дека Деп ѝ бранел на Херд да работи, како и дека ја обвинувал дека „спиела со секој нејзин колега“.

Инаку, ова е продолжение на комплицираните тужби на поранешните сопружници: Деп ја тужеше Херд за 50 милиони долари, тврдејќи дека е избркан од серијата „Пиратите од Карибите“ поради нејзините импликации дека е насилник.

Но, ниту Амбер не му достана должна - го тужеше за 100 милиони долари за клевета, тврдејќи дека Деп водел долготрајна потера против неа за да ѝ ја уништи кариерата.


Фото: Профимедиа