Девојче со Даунов синдром првите чекори ги направило благодарение на сестрата близначка

Девојче родено со Даунов синдром ги направило првите чекори, непосредно пред вториот роденден. Според зборовите на нејзините родители, тоа било поради единствената врска која ја има со сестрата близнација, која цело време ја поттикнува и инспирира да оди.

Лора Гилијант и нејзиниот партнер Сајмон Робинсон се обидувале пет години да добијат дете. На крајот се одлучиле за вонтелесно оплодување. Нивната среќа била огромна кога дознале дека Лора е бремена не со една, туку со две ќерки.

View this post on Instagram

A post shared by Laura Guilliatt (@laura_and_the_twincesses)

Фреја е родена со Даунов синдром, а Кејтлин не. На родителите им било кажано дека таквата комбинација е многу ретка - дека има само четиринаесет случаи од милион.

Кејтлин почнала да лази и оди пред својата сестра, но била решена да ѝ помогне на Фреја да ѝ се придружи. Мајката на девојчињата зборувала за посебната врска помеѓу нив, бидејќи Кејтлин ѝ помогнала на Фреја да ги направи првите чекори.

„Постојано се ракуваше со раката Фреја за да ја придржи“ - се присетува Лора. Кејтлин ѝ додела на Фреја и шеталка за деца, а потоа одела по неа за да се увери дека нема да падне.

„Кога бев бремена во 35-тата недела, ме однесоа во болница. Девојчињата имаа проблеми со дишењето и докторите одлучија да ми направат царски рез. Откако се родија, девојчињата не ги видов 8 часа. Го прашав сопругот да провериме како сме. Кога се врати, ми кажа дека докторите мислат деа Фреја можеби има Даунов синдром, но моравме да почекаме за дополнителни испитувања. Тоа конечно беше потврдено по 3 дена“ - се присетува мајката на близначките.

View this post on Instagram

A post shared by Laura Guilliatt (@laura_and_the_twincesses)

На почетокот ова било голем шок за Лора. Тогаш почувствувала наплив на големи емоции, а истовремено и се чувствувала потполно немоќно, бидејќи не знаела многу за Дауновиот синдром.

„Почнав да барам информации, иако се плашев што би можела да најдам. Се плашев за здравјето на својата ќерка“ - кажа оваа мајка.

На крајот, Лора наишла на групата „Позитивно за Дауновиот синдром“, која ѝ била од голема помош. 

„Тогаш сфатив дека Фреја е типично дете, исто како и нејзината сестра. Тоа се прекрасни девојки, кои ме прават горда секој ден“ - заклучи мајката.

Лора моментално води Инстаграм профил со кој сака да ја подигне свеста за Дауновиот синдром.