Диетата на Синди Крафорд одзема 5 килограми за 7 денови: Ова мени е заслужно за линијата на познатиот супермодел
Откријте како се храни една од најубавите манекенки на сите времиња - Синди Крафорд.
Идеалната тежина за Синди Крафорд е 58 кг. Таа е висока 177 см и оваа тежина ја одржува цел живот.
Со оваа диета нема гладување и главно се 5-6 оброци (ручек и вечера плус две ужинки кои не смеете да ги пропуштите!) Сите оброци се во мали порции. Во спротивно, метаболизмот се забавува и телото почнува да складира масти.
Второто правило е дека целата исхрана мора да биде избалансирана: 30% протеини, 40% јаглени хидрати и 30% масти.
МЕНИ:
Појадок: пржени јајца, парче тврдо сирење (30 g) и парче 'ржан леб
Ужина: зелено јаболко, грозје или овошна салата (150 грама)
Ручек: риба или пилешко (150 грама) со замрзнат зеленчук, мало парче 'ржан леб
Ужина: портокал или 30 грама сирење
Вечера: варено говедско месо (150 грама), салата од зеленчук (100 грама) со лажица маслиново масло, четвртина чаша варен грав
Пред спиење: чаша јогурт или кефир со малку маснотии
Но, како и сите нас, понекогаш и таа не може да одоли на хамбургер. Откако ќе си дозволи такво задоволство, манекенката почнува напорно да тренира и да применува диета две недели. Во овој период таа ги губи вишокот килограми (за една недела можете да изгубите и до 5 кг).
Главното јадење на оваа диета е нискокалорична супа направена од бела зелка. Можете и треба да го консумирате ова јадење 5 пати на ден.
Супата се подготвува на вода со додавање на моркови, домати, пиперки, целер, боранија, зелен кромид. Магдоносот го нормализира варењето и е добар диуретик. Супата не смее да содржи компири и друг зеленчук кој е богат со јаглехидрати.
Покрај супа, можете да додадете и свежо овошје и зеленчук, млеко (еднаш неделно, не повеќе од 250 ml), јогурт (еднаш неделно, не повеќе од 150 ml), кафеав ориз.
Можете да јадете и месо (пилешко или мисиркино не повеќе од 150 грама) или риба (200 гр), зготвена на пара.
Пијте чиста вода без ограничувања. Дозволени се и зелен чај и црно свежо подготвено кафе без шеќер и млеко (максимум две шолји дневно).
За време на диетата, забранета е конзервирана храна, леб и производи од брашно, чоколадо, слатки, газирани и алкохолни пијалоци.
Понеделник: супа, свеж зеленчук (неограничено) и диетален јогурт.
Вторник: супа, свежо овошје (без ограничувања) и јогурт без маснотии.
Среда: супа, свеж зеленчук и овошје (без ограничувања).
Четврток: супа и варено пилешко.
Петок: супа, варено говедско или телешко месо.
Сабота: супа, свеж зеленчук (без ограничувања) и јогурт со малку маснотии.
Недела: супа, свеж зеленчук и овошје (без ограничувања).
извор:stil.kurir.rs