Стил // Стил на денот
Стил на денот: Кога ќе наполни 45 години секоја жена треба да се облекува вака - Синди Крафорд уште еднаш одржа модна лекција
Стајлинг за чиста десетка.
Синди Крафорд (55) по којзнае кој пат покажа како изгледа добар стил и како треба да се облекува жена во зрелите години.
Многу дами, кога ќе наполнат 45+ години, избегнуваат носење бели панталони, но Синди ни покажа дека не се забрането парче и дека, доколку се стилизираат правилно, можат да изгледаат одлично. Поранешната манекенка се одлучи за неутрални тонови и ги искомбинира со бела кошула, со кремаста јакна и иста таква боја чизми.
Експертите за мода овој пат ѝ дадоа оценка 10, а што велите вие? Дали ви се допаѓа овој стајлинг?
фото:profimedia
Ја откри тајната на совршениот изглед: Синди Крафорд на 55 години изгледа неверојатно