Здравје // Совети
Ја откри тајната на совршениот изглед: Синди Крафорд на 55 години изгледа неверојатно
Во февруари, популарната манекенка Синди Крафорд наполни 55 години, но секој ден добива комплименти како изгледа подобро од многу помлади девојки.
Познатата манекенка тврди дека тајната е во појадокот што го јаде веднаш по будењето. Имено, Синди секое утро јаде пржено јајце, пушен лосос, авокадо и маслинки.
Таа постојано изјавува дека не конзумира лоша и преработена храна.
Во случај да има обврски наутро и да нема време да подготвува појадок, таа ужива во смутито што го прави од бадемово млеко, банани и спанаќ.
Потребни состојки:
-Чаша бадемово млеко
-1/3 замрзната банана
-грст свеж спанаќ
-10 лисја свежо нане
-8 g протеински прав
-грст зрна какао
Таа ги меша сите состојки и ужива во појадокот, за кој не е потребно многу време да се подготви.