Дијамант на задникот и куче во раце: Бремената Бритни Спирс позира гола и навистина го сруши Инстаграм

Кој сега ќе ги засени ваквите фотографии? Бритни Спирс знае да си постави тешка задача и едвај чекаме да слушнеме што имате да кажете за нејзините нови објави од Инстаграм.

„Сојер“, го напишала името на своето куче покрај фотографијата на која го држи својот миленик во раце додека позира без облека, а она што го покрива се обидува да го покрие со „дијамант“.

Пејачката Бритни Спирс покрај фотографиите објави порака: „Ако сакаш некого, ослободи го. Ако мразиш некого, ослободи го. Во суштина, ослободи ги сите и добиј куче. Луѓето се глупави".



Бритни Спирс минатиот месец на Инстаграм објави дека е бремена по трет пат и дека го чека своето прво дете заедно со својот вереник Сем Асгари, нарекувајќи го свој сопруг. Од бракот со нејзиниот поранешен сопруг Кевин Федерлајн, со кого водеше тешка битка за старателството над децата, таа ги има синовите Шон Престон и Џејден Џејмс.

Во ноември минатата година заврши 13-годишната борба меѓу неа и нејзиниот татко, кој го контролираше нејзиниот живот и имот вреден 60 милиони долари. Бритни Спирс оттогаш повторно е слободна и често објавува фотографии на социјалните мрежи на кои позира без облека.

А на Инстаграм можевме да дознаеме дека никогаш не се чувствувала подобро поради слободната женска енергија.


Фото: Инстаграм - Бритни Спирс

„Слаб обид за актер и машка спонзоруша“: 28 годишниот Иранец чека бебе со Бритни Спирс, а сите се прашуваат дали навистина ја сака или ја користи