Бритни Спирс е бремена, ќе стане мајка по трет пат: Додека беше под старателство бременоста ѝ беше забранета, а имаше вградено и спирала
Поп принцезата Бритни Спирс (40) наскоро повторно ќе стане мајка, и ќе ја исполни својата долгогодишна желба да има уште деца.
Познатата пејачка ја сподели убавата вест на нејзиниот Инстаграм:
- Изгубив толку многу килограми за да отидам на патување во Мауи само за да ги вратам… Помислив „Гледај… што се случува со мојот стомак? Мојот сопруг рече: „Поддуена си!“ Така направив тест за бременост ... и уххххх добро ... ќе имам бебе ... Веќе растеме !!! Леле ако внатре има две бебиња...
Очигледно веќе нема да излегувам толку многу поради папараците кои прават пари од моите труднички фотки, за жал тоа веќе еднаш ми се случи… тешко беше затоа што кога бев бремена имав перинатална депресија… Морам да кажам дека е апсолутно ужасно… жените тогаш не зборуваа за тоа… некои луѓе сметаа дека е опасно ако една жена се жали со бебе во неа… но сега жените зборуваат за тоа секој ден… фала Исусе, не мора да ја чувам таа болка како резервирана соодветна тајна… Овој пат ќе правам јога секој ден!!! Ширам многу радост и љубов !! - напиша една од најпопуларните и најомилените ѕвезди во историјата на музиката.
Тоа ќе биде прво дете на Бритна со вереникот Сем Асгари.
Пејачката веќе е мајка на две момчиња - Шон Престон (16) и Џејден Џејмс (15), кои ги доби со Кевин Федерлајн.
Бритни откри и дека во првите две бремености страдала од перинатална депресија,
Бритни Спирс, инаку, неодамна се извлече од канџите на старателството под кое беше 13 години, кога нејзиниот татко и тим адвокати ги носеа сите одлуки во врска со нејзината кариера, финансии и приватен живот. Обраќајќи се пред судот во јуни 2021 година, пејачката првпат отворено проговори за својот живот во ропство во кое се нашла, а потоа открила дека сака трето дете, но тоа не ѝ било дозволено.
Бритни тогаш рекла дека сака да основа семејство со своето момче Сем Асгари, но дека била спречена во тоа бидејќи има вградена спирала против нејзина волја.
- Сакам вистински живот. Сакам да можам да се омажам и да имам бебе. Сакам да го отстранам интраутериниот апарат за да се обидам да имам уште едно дете, но овој т.н тим не ми дозволува да одам на лекар и да го направам тоа“, рече Бритни меѓу другото.
Бритни Спирс е конечно слободна жена: Таткото на поп ѕвездата се откажа од старателството
Се вери принцезата на поп музиката: Откако Бритни Спирс одлета од кафезот на татко ѝ сè ѝ оди кон подобро