Се вери принцезата на поп музиката: Откако Бритни Спирс одлета од кафезот на татко ѝ сè ѝ оди кон подобро
Пејачката вчера гордо
го покажа прстенот на својата публика преку Инстаграм
Се вери принцезата на поп музиката Бритни Спирс, нејзиното момче Сем Асгари по шест години врска ја побара за жена.
Бритни вчера гордо го покажа прстенот на својата публика преку Инстаграм, а со кратко видео само напиша:
- Едноставно не можам да поверувам!
- Двојката ја круниса својата долга врска и многу се трогнати од поддршката и љубовта што им ја испратија обожавателите. Сем не може да биде посреќен поради ова - изјави неговиот менаџер Брендон Коен за „Пипл“.
Да потсетиме, пејачката беше под грижа на нејзиниот татко, Џејми Спирс, од 2008 година до неодамна, а условите, како што самата изјави, ја спречија да се омажи за Асгари или да има повеќе деца.
Несомнено, овој чин ја направи Спирс неизмерно среќна, бидејќи таа постојано потенцираше дека сака да се омажи за Сем и да роди неговото дете.
Асгари има 27 години, е личен тренер и актер и е роден во иранската престолнина Техеран. Двојката се запозна во 2016 година, додека снимаше спот за нејзината песна „Slumber Party“.
Фото и Видео: Инстаграм/Бритни Спирс/Сем Асгари
„Дали ми ја подаде раката кога се давев?“: Бритни со брутална порака кон својата сестра