ДНК анализата потврди - пронајденото тело е на Матеј Периш: Соопштена е причината за смртта

Направена е ДНК анализа на телото, кое вчера околу 9.30 часот било извлечено на Ада Хуја.

Телото на младото момче за кое се сомневаа дека е Матеј Периш (28), кој исчезна ноќта меѓу 30 и 31 декември минатата година, во средата околу 9.30 часот е извлечено кај Ада Хуја. Телото кое плутало по водата го забележале морнари кои повикале полиција. Полицајците кои вчера беа на Ада Хуја велат дека се потврдува дека Матеј е пронајден.

Според првите информации по обдукцијата, телото кое вчера беше извадено од Ада Хуја е на Матеј Периш. Според првите информации по обдукцијата, причина за смртта е давење. Токсиколошките анализи ќе бидат готови за три недели.

Рано утрово почна обдукцијата на телото за кое се претпоставуваше дека е Матеј Периш. Таткото на Матеј, Ненад Периш доцна синоќа дошол во Белград. Тој им се заблагодари на сите кои учествуваа во потрагата:

Како што кажав морав да бидам подготвен на сето ова. Можеби некому му е чудно, но колку и да е болно и тешко и верувајте дека е страшно тешко, мора да има надеж. Мојата вера ме учи дека надежта секогаш постои. Иако се случи разделбата, надежта дека повторно ќе се сретнеме, никогаш нема да престане да постои“, рече Ненад Периш и им се заблагодари на сите што помогнаа „да се дојде до вистината“.

извор: mondo.rs