Долго време се борел со депресија: Ова е убавиот брат на Кејт Мидлтон

Пошироката јавност го запозна како помладиот брат на Кејт и на Пипа Мидлтон, а првпат во фокусот на вниманието се најде во 2003 година кога беше обелоденета љубовната врска помеѓу неговата најстара сестра и принцот Вилијам.

Џејмс Мидлтон во тоа време за магазинот Tatler призна дека не бил воопшто подготвен да се носи со медиумите кои станале кошмар за неговото семејство.

Во детството му била дијагностицирана дислексија, а искрено проговори како последните неколку години се борел со депресијата. Откри дека ненадејната популарност на неговата сестра била преголем притисок за неговата кариера.

- Сега се чувствувам добро. На мојот пат до комплетното рехабилитирање ми помогнаа моите кучиња со кои често може да ме видите по улиците на Лондон - призна најмладиот Мидлтон.

Денес, 35-годишниот Џејмс многу внимателно ги одбира зборовите кога дава изјави.

- Имам свој живот и немам врска со кралското семејство. Ако постои интерес за мене-одлично! Ако постои интерес за мене само поради мојата сестра-не ме барајте! - вели тој.