(ФОТО) Две есенски лежерни комбинации: Пејачката Аделина Тахири ексклузивно за Magnetik Gallery Скопје
Модната групација Магнетик ja продолжува соработка со пејачката Аделина Тахири, ексклузивно за продажниот салон Magnetik Gallery
Аделина неодамна излезе со нов спот за песната Pergjithmone (Засекогаш), и уште еднаш и докажа на јавноста дека е вистинска кралица на балканската поп сцена. Покрај тоа, таа направи ексклузивна фотосесија за Magnetik Gallery, луксузниот мултибренд во Skopje City Mall, и во најава на есенската сезона ја гледаме во комбинации идеални за променливото време.
Досега ја видовме Аделина во мантилот од италијанскиот бренд Patrizia Pepe, и софистицираниот бел комплет на Liu Jo. Овој пат таа сподели две полежерни комбинации во џемпер и панталони на Marella и комбинацијата со фармерки, маичка и ташна на PINKO и елече од вештачко крзно на Patrizia Pepe.
Сите парчиња се достапни во Magnetik Gallery, кој се наоѓа на вториот кат во Skopje City Mall. Овој продажен салон е застапник на ексклузивните италијански брендови: Weekend Max Mara, Max Mara Studio, Sportmax, Max Mara Leisure, Patrizia Pepe, Liu Jo, Marella, Joseph Ribkoff.
Во што ќе ја видиме Аделина следно? Со нетрпение чекаме да дознаеме.