Моден фокус // Шминка
(ФОТО) Ким Кардашијан топлес ја промовира својата нова колекција на шминка
Ким Кардашијан Вест предизвика бес меѓу нејзините следбеници кога стави голи фотографии на својот профил на Инстаграм, за да ја промовира својата нова колекција на шминка. Тие запрашаа што всушност сака да продаде Ким?
Но таа уште еднаш докажа дека не дозволува критиката да ѝ пречи, па дури сподели и топлес фотографија со машки модел кој ги допира нејзините гради.
Ким која ќе наполни 38 години во недела и има 3 деца со Кање Вест, го покажа своето раскошно тело за нејзината „Flashing Lights Collection“, фотографирана од страна на David LaChapelle.
Ѕвездата откри дека целосната шминка е инспирирана од 1960-тите. Новата колекција на шминка е на продажба од денеска.