(ФОТО) Водич за жени: Каков градник ви одговара со секоја блуза?
Сите оние „ризични“ фустани кои толку ретко ги носите бидејќи не знаете каков тип на градник да изберете со нив- веќе никогаш нема да ви прават проблеми!
Било дали ќе носите парче со голи раменици, длабок „V“ израз или пак обична бела маичка, секој фустан или блуза си бара посебна опција на градник кој нема да ја наруши модната комбинација.
Затоа решивме да се позанимаваме со никогаш досадната тема- градници! Благодарение на брендот „Bonatti“, постои добар градник за апсолутно секој фустан или блуза што може да го замислите, и баш сите ги имате тука на едно место. А кој би рекол дека ни се потребни само шест модели, за да ги покриеме сите можни варијанти...
1. Бела кошула или маичка (блуза или ролка)
Било каков горен дел во бела боја, може да комбинирате со која било боја на здолниште или панталони, но тоа не е случај со вашиот градник.
Светол градник во бела боја нема да се познава под белата маичка или блуза. Затоа најдобар избор е градник во бела боја со мазни корпи.
2. Свечен фустан со гол грб
Кога станува збор за фустани со гол грб, градникот е секогаш првото прашање кое го имаме во главата.
На отворен грб не смеете да носите ништо друго освен модел на градник со транспарентна лента на грбот, која нема да го наруши целокупниот изглед.
3. Фустан или блуза со длабоко деколте
Кога носите фустан со длабок исечок, најчесто избегнувате градник бидејќи апсолутно сѐ се гледа.
Меѓутоа овој тип на градник со триаголен облик е еден од оние кој секогаш мора да се најде во вашиот гардеробер, бидејќи е совршен за овие ситуации.
4. Под сако или блејзер
Веќе неколку сезони по ред, меѓу најпопуларните парчиња за модерни комбинации се бралет градниците. Нежни и најчесто чипкани и без постава, изгледаат толку стилско и ефективно, што заслужуваат да се во фокусот на видното поле.
Ваков сензуален градник без фишбајн може да ја трансформира секоја ваша модна комбинација. Смел моден изглед е доколку го облечете под сако или блејзер.
5. Блузи или фустани со голи раменици
Со фустан или блуза со голи раменици изберете градник чии прерамки се вадат. Ваквиот градник држи сѐ на место, и не дозволува прерамките да го уништат визуелниот ефект на блузата.
„Basic“ градник во бела, црна или „nude“ боја е одлично решение за сите комбинации, а голема придобивка е тоа што со прерамки ќе може да го носите и за секојдневни комбинации.
6. Блузи под кои сакате бујно деколте
Ако сакате ретро стил или ви треба дополнителна поддршка, овој градник не само што е многу секси и атрактивен, но и одличен како појачување.
Погоден е за носење под свечени фустани бидејќи додатно го обликува телото, а е одличен градник и за блузи со овален отвор за изразено односно нагласено деколте.
Д.К.