Французинките ни во сон не би ги носеле овие 5 работи: Наместо нив, ги избираат овие парчиња и затоа се најелегантни на светот

Добивај вести на Viber

Французинките важат за најелегантните жени на светот и никогаш не би ги носеле овие 5 работи

Постојат одредени стилови и модни парчиња кои Французинките (благо кажано) не ги разбираат и не ги прифаќаат. 

Коко Шанел еднаш рече: „Кога ќе излезете од дома, погледнете се во огледало и соблечете еден дополнителен аксесоар, тогаш сте подготвени да одите“.

Значи, што никогаш не носат Французинките?

1. Хеланки / тренерки


Како што еднаш рече Карл Лагерфилд: „Ако тренерката е вашата избрана модна ставка, тоа значи дека сте изгубиле контрола над вашиот живот“.

Ова генерално го следат и Французинките. Колку и да сакаат понекогаш удобност, ќе го чуваат исклучиво за во теретана или за дома. Најлежерното нешто во кое ќе ги видите Французинките како го носат на улица е добар пар фармерки или панталони, бели патики без натписи или логоа и симпатичен горен дел.

2. UGG чизми

Девојките кои ја негуваат филозофијата на француското облекување ги класифицираат UGG чизмите како моден криминал. Ако видите жени во Париз кои носат ваков модел на чизми, верувајте сигурно се туристи. 

Наместо ваков тип на обувки, французинката ќе се одлучи за чизми со мала квадратна потпетица и заоблен преден дел, нешто најслично на моделите од шеесеттите кои ги носеше Шерон Тејт. За рамната верзија избираат навидум машки модел на чевли со врвка.

3. Дуксери кои ги носат во братствата и сестринствата во факулетете во Америка

Ако прашате која било жена со стил - ваквите јакни треба да бидат резервирани за тинејџерите во американските средни училишта и факултети. Иако се многу популарни во светот на модата, Французинките одбиваат да ги прифатат како потенцијално модно парче во кое треба да се инвестира. Тие секогаш ќе се одлучат за добра безвременска кожна јакна или капут.

4. Премногу бои

Серијата „Емили во Париз“ и нејзиниот главен лик покажуваат сè што е спротивно на почетната естетика на Французинките (и сè на што Французинките вртат глава). 

Значи, максимум две бои, плус евентуално некои во форма на додатоци (но ретко). Боите кои доаѓаат во предвид се црна, бела, тегет, беж, сива и светло сина. Сè што е надвор од тоа претставува сериозно отстапување од зоната на удобност.

5. Логоманија


Иако една од најстарите француски куќи, Луј Витон, го изгради својот идентитет на монограмот, Французинките се обидуваат да го избегнат овој тренд бидејќи се коси со сите естетски норми на кои почива нивната модна филозофија. Ако овој тренд некогаш се види преку некој аксесоар - никогаш нема да видите комплетен изглед во кој доминира логото на нив. Чантата на Шанел или ременот ја завршува работата.


Фото и Видео: Youtube/freepik

Извор: стилкурир