Ги броите ли деновите до следниот одмор, уште колку останаа: Ова беа последните зборови на Пиже, скопска легенда од која сите со неверување се простуваат

Вчера ненадејно на свои 57 години почина познатиот скопски лик Сашо Пижевски, познат како Пиже. 

Неговиот долгогодишен пријател, Игор Џамбазов со трогателни зборови се прости од Пиже, а под објавата многу познати личности му изразија сочувство, во неверување.

Двајцата заедно со Горан Атанасов – Зеко ја имаа култната група „Хавана бенд“.

Пиже беше активен преку страницата „Мајка ти и Татко ти“, а пред само еден ден на својот Инстаграм профил откри дека со нетрпение го очекува својот нов одмор... а сега замина на своето последно патување.

„Ги броите ли деновите до следниот одмор?  Уште колку останаа?“ - беа последните зборови на неговата последна објава.


Од него се простија многу познати ликови:




Нека почива во мир!