Гоца Тржан и сопругот имаат голема причина за среќа: Само со тебе се чувствувам слободна

Гоца Тржан и нејзиниот сопруг Раша Новаковиќ докажуваат дека вистинската љубов може да издржи различни искушенија. Иако поради разликата во години не им предвидуваа светла иднина, тие негираа сè и траат цела деценија. Низ годините поминаа низ различни предизвици, а еден од најголемите е макотрпната борба за потомство што и понатаму ја водат.

Гоца и Раша се во брак од 2015 година, а неодамна тајно си кажаа „Да“ пред Бога. Пејачката не крие колку е среќна бидејќи до себе има маж кој ја поддржува и ја бодри во се‘, па со особено емотивни зборови одбележа десет години од нивната љубов.


„И така, поминаа цели десет години откако си дадов шанса да бидам сакана и среќна, десетте најдобри и најсреќни години во мојот возрасен живот. Само со тебе се чувствувам слободна. Те сакам засекогаш“, му напиша Гоца јавно на сопругот, а нивните пријатели посакаа да траат што подолго.


Фото: Инстаграм/Гоца Тржан

Погледнете ја куќата на Гоца Тржан и Раша Новаковиќ: Се покрижиле за секој детаљ