Граничниот премин кон Србија утринава: Колони возила со граѓани кои ќе се вакцинираат во Белград, Ниш...

Илијадници граќани од бивша Југославија, но и Европа отидоа да се вакцинираат во Србија. Македонците исто така одлучија да го сторат тоа со оглед на тоа што кај нас се' уште не е започнат процесот на масовно вакцинирање.

Од утринава колони возила ја напуштаат Македонија. Камерите на Граничниот премин на Табановце покажуваат километарски колони од автомобили и автобуси со граѓани кои одлучија да се вакцинираат против корона вирусот кај нашиот северен сосед.

Иницијативата за масовно вакцинирање во Белград, но и на други вакцинални пунктови ја покренаа стопанските комори од регионот, па така од вчера, но и во текот на викендот се очекува илјадници граѓани да се вакцинираат.

Дел од нив за Фактор изјавија дека ова е шанса да си го заштитат здравјето од опасниот вирус.

Читајте повеќе на Фактор.мк