House of Luxe – нови револуционерни кармини од Bobbi Brown

Добивај вести на Viber

Сакате да се чувствувате моќно и впечатливо? Одберете ја бојата која ја сакате од House of Luxe – фантастична линија на кармини од Bobbi Brown.

Ви ги претставуваме Luxe Matte и Luxe Liquid Lip Color кармините, две нови формули кои

обезбедуваат вистинска моќност на пигментот. Комбинација на одличен финиш и удобност при носење чиј резултат се Luxe Lip Matte Lipstick, Luxe Lip Liquid High Shine и Luxe Lip Velvet Matte.

Luxe Lip Matte  е доказ дека спротивностите се привлекуваат. Неочекуван парадокс – мазни и сјајни усни кои имаат мат финиш. Карминот кој се пробива на врвот благодарение на своите карактеристики, ексклузива на Bobbi Brown!

Се нанесува со еден потег, со лесно движење, благодарение на прашкастите пигменти и интензивната боја која трае до 12 часа.

Конечно можете да го имате изгледот што го посакувате, мазен финиш и ефект на свиленкасти усни. Крајната формула е комплетирана со лесен восок кој се топи на усните и боја која трае во текот на целиот ден.

Luxe Lip Liquid High Shine – забележлив сјај, носи чувство на леснотија на усните. Оваа формула содржи 3-D пигменти кои ги навлажнуваат усните и даваат прозрачен сјај за богат и впечатлив изглед.

Luxe Lip Velvet Matte – богата течност која овозможува мек, удобен мат финиш создавајќи луксузна формула. Прашкасти пигменти добиени од природни глинени материјали, измешани со екстракт од диво манго, познато по своите омекнувачки својства, за кремаста и мазна апликација која се суши и се добива мат финиш во траење од 12 часа.

Новите револуционерни кармини на Bobbi Brown можете да ги побарате во парфимеријата Anabella Beauty Spot Macedonia во Скопје Сити Мол.