Инстаграм vs. Реалност: Со личен пример, Миа Костова најискрено за заблудите на социјалните мрежи

Една од најпознатите инфлуенсерки кај нас Миа Костова, најотворено и искрено до срж покажа како изгледа во реалноста, но направи и фотка на која е наместена за фотографирање. Костова овој пат како и многупати претходно преку личен пример сакаше да ѝ долови на јавноста и следбениците дека фотографиите кои ги гледаме на Инстаграм и на другите социјалните мрежи може да не‘ лажат. Односно, оние кои ја споделуваат фотката да се местат за истата, да користат и филтери преку кои би изгледале топ и со вакви фотки би продавале, рекламирале или промовирале некои производи.


Фото: Инстаграм - Миа Костова