Излегов на состанок со момче, а штом влегов во неговата кола ми се згади од машкиот род: Еве што се случи
Адиел Греш е влијателна 25-годишна инфлуенсерка која ја следат половина милион луѓе на Инстаграм, каде секојдневно споделува содржини за модата, убавината и секојдневната рутина... Меѓутоа, оваа Канаѓанка неодамна отстапи од својата вообичаена содржина и сподели со нејзините следбеници интересна приказна од нејзиниот љубовен живот. Имено, таа се пожали на бизарна средба со маж кој го запознала на Тиндер, а кој практично ја изненадил негативно од првата секунда на личното запознавање.
„Тој ми понуди да ме изведе на хамбургери и пијалоци, па јас реков „да“, а кога му ја дадов адресата, се испостави дека сум оддалеченa само 15 минути од него. Но, тој сепак ми побара 15 долари бензин за да ме земе. “, раскажа Адиел, велејќи дека тоа е првото црвено знаме за овој човек.
И покрај чудното барање, таа се насмеа и го продолжи состанокот без да му ги даде бараните пари. Но, кога нејзиниот додворувач ја зел, таа повторно останала без зборови кога тој ѝ поставил крајно несоодветно прашање.
„Тој се паркираше во некоја случајна уличка и ми кажа дека тој и неговите пријатели се прашуваат дали моите гради се вистински“, продолжува таа, додавајќи дека кога го плеснала поради тоа што бил груб, тој само рекол дека не мислел ништо лошо.
Состанокот продолжил да станува сѐ полош и полош - додека пиеле коктели во кафеана, тој ѝ се фалел со својата „куќа за одмор, шестцифрена плата и богатото семејство“. Меѓутоа, по една тура пијачка, тој не покажал желба да нарача друга.
„Чашата ми беше празна, а јас станував сè погладна и во тој момент тој реши да почне да ми го покажува натпреварот за јадење хот-дог што го победил пред шест години. Беше премногу горд на тоа“, вели Адидел и додава дека на крајот сама прашала дали може купат хамбургери, по што ја однел во блискиот синџир ресторани за брза храна - кој бил затворен.
После тоа, младиот човек ја однел на видиковец во градот, а потоа го вклучил караокето и почнал да пее. „Го охрабрив затоа што и јас обожавам да пеам. Можеби изгледав удобно и убаво, но само се обидував да го искористам најдоброто од тоа за да не умрам и да се смирам што воошто излегов со него. Сакав само да си одам дома. Се обидував да се справам со ситуацијата и да не го налутам. Имаше толку многу црвени знамиња“, вели 25-годишната девојка.
Адел на крајот го замолила да ја однесе дома, а кога се приближиле до нејзиното соседство, тој се обидел да ја бакне - што таа категорично одбила.
„Тој инсистираше да ме бакне, па се сетив на единственото нешто што можеше да ми помогне да се извлечам - го прашав како се викам. Но тој не знаеше како да ми одговори. Тоа го сфатив како знак да си заминам. Тој почна да вика во пред цело маало само затоа што не сакав да го бакнам“, заклучува таа и открива дека тој ѝ рекол дека е „безобразна“ и дека нејзините родители не ја воспитале.
Извор: zena.blic.rs