Животна училница // Приказни
„Ја попитав и не ме пошљака“: Македонскиот репрезентативец Тихо Костадинов на оригинален начин ја запроси девојката (ВИДЕО)
Македонскиот фудбалски репрезентативец Тихомир Костадинов на оригинален начин ја побара за сопруга неговата долгогодишна девојка Моника, со која е во врска 7 години.
Овој викенд парот беше на концерт на „Coldplay“ каде што Тихо за време на една од најверојатно нивните омилени песни од британскиот рок бенд, клекна на колена и ја побара за сопруга.
А потоа на уште поуникатен начин сподели со јавноста дека таа прифатила да му биде сопруга со зборовите: „Ја попитав и не ме пошљака“ - фраза која е актуелна деновиве.
Повеќе фотки:
фото;instagram