„Кајмак“ ја собра македонската елита: Филмот доби огромни овации (ГАЛЕРИЈА)

Добивај вести на Viber

По светската премиера на „Кајмак“ на режисерот Милчо Манчевски и трите распродадени проекции на Токискиот фестивал, нашата публика имаше можност вчера да го види ова ново филмско остварување. Салата на Филхармонија во Скопје беше претесна да ги собере посетителите, а се појавија голем број на личности од јавниот и шоу бизнис во Македонија.

Филмот има многу смешни ситуации, но содржи во себе и чувство на иронија, која го осудува морализирањето … „Слатка и горчлива комедија… Кремаст Кајмак… Комплициран вкус на животот. Црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот. Филмот на Манчевски е безмилосна критика на малограѓанското лицемерие и апотеоза на индивидуалната слобода.

По сценарио и режија на Манчевски, во филмот играат: Сара Климоска, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ, Петар Мирчевски, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ратка Радмановиќ, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Соња Михајлова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ и други.

Пред Филхармонија имаше поставено црвен килим. Целата атмосфера наликуваше барем на момент како да сме во Холивуд, камермани, сниматели, новинари, луѓе кои сакаат да ги видат ѕвездите на „Кајмак“:

Фото: Вангел Тануровски

ГАЛЕРИЈА: