Како да го исчистиме организмот по празничното прејадување: Познат доктор откри кои намирници помагаат

Доколку се прејадовте за празниците, еве што да јадете во наредните денови за да го исчистите организмот!

Доколку сте претерале со храна за време на новогодишните и божиќните празници, постои начин како да го исчистите организмот на здрав начин.

Професорот по физиологија д-р Дејан Чубрило во „Уранка“ на ТВ К1 одговори на прашањето дали можеме да го исчистиме организмот после прејадување.

„Можеме да го исчистиме, се разбира, но приказната за чистење за еден, два, три дена е сосема нелогична. Особено не со консумирање на сокови за детоксикација, тоа само ја разгорува оваа бура од шеќерни скокови и се друго. Ако веќе сте претерале, во деновите по прејадувањето целосно намалете ги сите протеински намирници - консумирајте повеќе ориз, компир, супа без месо, варен зеленчук и тоа е тоа. Сфатете дека она што допрва ќе го консумирате треба да биде во помали количини бидејќи во желудникот стои старата храна. Потребна е добра хидратација, за тоа можете да користите и некои комбинации од лимонада, грејпфрут со ѓумбир или куркума, бидејќи ако одат сами, не делуваат затоа што го ладат телото“.

Докторот појасни и дали некои витамини можат да ни помогнат во тоа.

„Витамин Ц, тоа сите го знаеме, пушачи, оние кои претерале со алкохол, со прејадување. На овој начин сите создаваме огромно количество од тој отпад, слободни радикали, војници кои се движат кон нашите клетки, ги напаѓаат и ја нарушуваат нивната функција. Имате војници кои се бранат од тие напаѓачи. Ние тој војник го внесуваме како суплимент, доволно е половина таблета од 500 мг. Тие 250 мг Витамин Ц се одредена количина што може да се апсорбира, особено ако претерате со храната“, вели лекарот.


Фото: YOUTUBE/RTS ORDINACIJA

Расолот и киселата зелка се бомба за здравјето, а ние погрешно ги консумираме: Познат доктор откри како да не предизвикате цревни проблеми