Расолот и киселата зелка се бомба за здравјето, а ние погрешно ги консумираме: Познат доктор откри како да не предизвикате цревни проблеми
Д-р Дејан Чубрило откри како правилно да се консумира расол и кисела зелка за
здравје
Кисела зелка и расалот се моќни антиоксиданти и се преполни со витамин Ц, најважната хранлива материја за зајакнување на имунитетот, што е особено важно во зима. Меѓутоа, оваа суперхрана и нејзиниот сок можат да предизвикаат и дигестивни проблеми, да создадат надуеност и гасови ...
Причината е затоа што ги консумираме на погрешен начин, објасни во емисијата „РТС Ординација“ проф. д-р Дејан Чубрило, професор по физиологија на Медицинскиот факултет во Крагуевац и специјалист по спортска медицина.
„Оној кој има гасови ќе каже дека е од расолот и киселата зелка. Од расолот тешко дека ќе имате гасови. Како? Во една чаша вода ставете една лажица расол. Не треба да се пие чист. Нашиот народ е страшно чуден. Ако сега јас би пиел чист расол, не само што би имал гасови, тоа веќе би била многу посериозна патологија на цревата. Но, ако го пиеме разреден со вода, ќе ни обезбеди доволно корисни бактерии“, вели професорот.
Киселата зелка, храна која е секогаш присутна на балканските трпези во текот на зимската сезона, може силно да „падне“ и на стомакот. Повторно се работи за начинот на кој го консумираме, објаснува професорот Чубрило.
Смета дека најдобро е прво да тестираме и да видиме колку и дали ќе ни прави проблеми во цревата киселата зелка. А еве како да го направите тоа...
„Земете многу малку кисела зелка, сомелете малку, консумирајте ја со вода, па ако видите дека ви прави проблеми не треба да ја јадете. Тоа е тест кој открива дека тенкото црево нема доволно ензими “, забележува професорот и додава:
„Поради начинот на живот ги „расипавте“ цревата. Прво консумирајте мала количина и постепено обновувајте ги цревата, а потоа можете да јадете во поголеми количини“, заклучи тој.
Фото: Printscreen