Како што во Македонија има живот и љубов, нема никаде на светот: „Балкан бенд“ за новата верзија на „А бре Македонче“

Добивај вести на Viber

Новата верзија на песната „А бре Македонче“ на „Балкан бенд“ стана вистински хит на социјалните мрежи. Спотот, за кој на промоцијата минатиот месец членовите на бендот рекоа дека е доста скап проект, е еден од најсподелуваните.

На промоцијата која ја водеше Игор Џамбазов, откако премиерно се прикажа спотот, се вееја македонски знамиња, а како специјално изненадување, на кровот на ресторанот „Рагуза“, се појавија навивачите на „Вардар“, Комитите, и запалија факели. Златко Анчевски од „Балкан бенд“ за Женски магзин, раскажа за инспирацијата да се преработи оваа песна и за целиот процес на создавање.  

-Како што кажав и на промоцијата, поради она што долго време  ни се случува низ годините наназад, како и кај мене така и кај секој еден од нас, тлее нешто од внатре да направиме нешто за оваа земја.Секој во својот домен и своето поле, а нашето поле на борба е музката,  нашето оружје е песната,. По долго размислување,  одлучивме дека треба да направиме еден ваков чекор и по договор со сите колеги, дојдовме на идеа да ја направие песнава. Оваа песна е конкретна идеја на Јане Рафаиловски и сето тоа дополнето од сите нас и со многу идеи од мене“, рече Анчевски.

Тој вели дека спотот се снимал цели шест месеци, и додава оти овој проект вреди и чини многу. 

-Точно е тоа дека вреди и чини многу финансиски можеби и најмногу до сега за еден спот кај нас, но тоа е помалку важната раб отаза спотот.  Она што му ја дава вистинската вредност- зошто е најскап е тоа што во овој спот се вложени многу емоции, многу труд, многу внимание, многу почит, многу размислување,  а тоа се работи кои немат мерна тежина, тоа се работи кои не ги гледаме со голо око а ги чувствуваме. Ете затоа овој спот е најскап во историјата на Македонија, тврдам одговорно за ова“, ни раскажа Златко од „Балкан бенд“.

Раскажува и како се снимал спотот, со  режисерот Даниел Јовески.

-Кога на Даниел му ја пуштив песната да ја слушне во кола, 10 минути по слушањето седеше во кола како препариран.Ме држеше за рака а ја го гледав чудно и му велев цело време: Алоо, ајде човек,што дремеме, да излеземе од автомобилот, а тој седи ли седи као вкочанет. Откако излеговме од автомобил,  ме гушна онака силно, и ме држесе гушнат едно минута ипол без да ме пушти, и се чудев во себе,што тоа толку му се случи на човеков што толку го допре. Но, истото тоа мене ми се случи кога јас за првпат го видов спотот, се пресеков и стоев како занемен 5 минути, незнаејки што и како да реагирам и да одговорам. Го гушнав и ја го држев едно две минути. Е  тоа со збор не можам да го опишам како чувство, но во тој момент точно сфатив што тоа него му се случило“, објаснува музичарот. 

За изборот на Игор Џамбазов да биде домаќин на промоцијата, тој вели дека тој е уникатен сам по себе и е вистински репрезент на Македонија, а изборот тој да ја води промоцијата не е за десетка туку за стотка. За гостувањето на Комитите на промоцијата, Анчевски вели:

-Ќе ти откријам една мала тајна, на две недели пред промоцијата ние свиревме свадба на еден од водачите на навивачката група„Комити“. Навистина беше, спектакуларна свадбата ,голем дел од тие дечки кои беа присутни на промоцијата беа и на свадбата. Имаше голема фешта со факели, знамиња, и буквално идејата која што ја имав едноставно си ја видов на дело како изгледа, и само си реков Златко, тоа е тоа! ОГРОМНА БЛАГОДАРНОСТ ДО КОМИТИТЕ  ЗА ОВА И ПОЗДРАВ ДО НИВ“. 

За крај, Златко раскажува зошто е горд на Македонија, и кои нешта би им ги покажал на туристите кои доѓаат кај нас.

-Сите ние треба да сме среќни кога луѓе од надвор не одбираат како дестинација да ја посетат Македонија, затоа што во Македонија и тоа како има и што да се. Мислам дека ние како и по обичај за се,последни сфаќаме дека има убавини во оваа наша Македонија. Ние се обидовме да направиме нешто за оваа земја, и каква и да е со сите свои мани и доблести, сите ние треба да се трудиме да си подобруваме да биде подбро место за живеење на овој свет. Како што во Македонија има дружба,живот, љубов... мислам дека тоа на Запад тоа го нема, никаде на светот нема. Затоа мислам дека сме единствени и уникатни.


Милица Џаровска