Кето бајадери: Повкусни се од класичните, две коцки ќе ви бидат доволни за цел ден

Добивај вести на Viber

Многу се силни поради состојките кои ги содржат, па затоа не се препорачува претерувањето...

Состојки:

75 милилитри вода;

50 грама путер;

10 таблети вештачки засладувач или 3 лажици еритритол;

200 грама мелени ореви или лешници (може да комбинирате мелени или покрупно сецкани, но и да додадете малку мелени бадеми...);

30 грама црно чоколадо со најмалку 80 проценти какао.

Подготовка:

Измешајте ја водата и исецканиот путер и ставете ги на оган да зовријат. Додадете ги таблетите или засладувачот кој сте го одбрале. Нека вријат состојките уште една минута, па тргнете го садот од оган.

Додадете ја чоколадата и мешајте додека не се растопи, па потоа додадете ги мелените ореви или лешници и повторно измешајте.

Во мал калап ставете хартија за печење, истурете ја смесата, со лажица израмнете ја смесата, а потоа калапот ставете го фрижидер за смесата да се зацврсти, како вистинска бајадера.

Вкусот е одличен, бидејќи многу личи на бајадера, а нема бисквити, туку само јаткасти плодови и е многу силна. Нема потреба да се прави глазура, бидејќи количината и јачината на чоколадото во самиот колач е сосема доволна.

фото: Shutterstock