Класичните венчаници стануваат минато: Наместо бел фустан од бајките, инфлуенсерка се омажи во костим
Инфлуенсерка се омажи во заносно и изненадувачко издание кое ги воодушеви дамите.
Една од најпопуларните модни блогерки во Германија го кажа судбоносното „да“ и реши да не носи класична венчаница за овој чин.
Германската ѕвезда на Инстаграм и трендсетерка Мари фон Беренс одлучи да му каже „да“ на својот вереник, па парот договори интимна венчавка која на многу начини беше различна од вообичаените венчавки на кои сме навикнати да присуствуваме и да ги гледаме.
Еден од клучните детали, кој привлече најмногу внимание е несомнено изданието во кое Фон Беренс застана пред матичарот - наместо бел фустан од бајките, таа одбра костим!
Станува збор за модел потпишан од полската дизајнерка Магда Бутрим, кој е изработен во духот на модниот минимализам. Линиите се остри и едноставни, за да остави уште посилен впечаток, Мари носеше долг бел мантил од истиот дизајнер.
Ако ги прашате девојките кои ја следат на Инстаграм, оваа невеста не можеше да избере подобро, особено во комбинација со класични невестински чевли - затворени бели сандали со ремен и пристоен накит во форма на едноставни бисери и симпатични обетки.
Интересно е и тоа што парот учествувал во изработка и смислување на дури и најмалите детали, пример невестата сама ја декорирала тортата.
Пандемијата дефинитивно го промени начинот на кои се одржуваа церемониите и веселбите при склопување на брак, а што мислите, дали наскоро и белите венчаници ќе останат во историјата?
Во галеријата погледнете дел од атмосферата и деталите при венчавањето на овој пар и инспирирајте се: