Кога голотијата беше уметност: Се соблекоа голи и останаа најзапаметени Југословенки - меѓу нив и неколку Македонки
Секој од нас е роден гол, но од низа сложени социјални причини, нашиот однос кон нашите тела и телата на другите е нарушен со векови.
Од праисторијата до најраните цивилизации, разголените женски фигури се интерпретираат како симболи на плодност или благосостојба.
Голотијата во уметноста служи како еден вид огледало што нè принудува да се спротивставиме на начинот на кој општеството ги изобличува нашите односи кон голо тело. Тоа нè потсетува дека човечкото тело може да биде и убаво и гротескно, невино и сексуализирано, слободно и контролирано и нè принудува да размислиме каде спаѓаат нашите сопствени верувања.
Без оглед на се', живееме во време кога голотијата може да биде убава, може да вознемирува и да биде револуционерна.
Со векови беше сметана за уметност, а денес е сепак контроверзна.
Назад во времето многу познати дами се фотографирале топлес, голи, често за потребите на филмските платна, друг вид уметност и себеизразување. Меѓу нив и многу Југословенки, а и македонски дами.
Синоличка Трпкова се разголи во 1988 година за потребите на улогата Азра во филмот „Дом за бесење“ од Костурица.
На нејзината појава тогаш (а и денес) занемеа многу југословенци.
И Софија Куновска се разголи за филмското платно во 1998, во „Збогум на 20-от век“.
Софија храбро се соблече и одглуми маестрална еротска сцена.
Србинките Нада Топчагиќ и Сузана Манчиќ исто така позираа храбро и разголени пред фотоапаратите.
Фотографијата од Нада и Сузана Манчиќ како се релаксираат топлес на плажа назад во 90-те, го преплави Интернетот.
Лепа Брена тоа го направи професионално за насловна страна на магазин.
Во поново време, храброст да се соблечат пред камерите имаа и некои од помладите актерки и манекенки од Македонија.
Јана Стојановска во „Сенки над Балканот“
Манекенката Kaтарина Ивановска се појави топлес во сцена во филмот „Трето полувреме“.
*Р.Ж.М