Која е таинствената девојка на семејните фотографии: Важна личност за Лепа Брена за која малку се знае

Познато е дека животот на Лепа Брена е помалку или повеќе познат, но има и сегменти кои сè уште се држат подалеку од љубопитните погледи и објективите на папараците во нејзините четири ѕида.

Општо познато е дека пејачката се посветува и ги негува семејните и пријателски односи.


На семејните фотографии од прослави, патувања може да се види една русокоса, исклучителна убавица која е незаменлив дел и многу важен член на семејството на Лепа Брена.

Внуката на Лепа Брена, Мајда Стојановиќ, долги години живее во Канада, а со тетка ѝ е многу блиска, па се труди да поминуваат што повеќе време заедно, секогаш кога ѝ дозволуваат обврските. Иако не е јавна личност, убавината на Мајда е надалеку позната, а многумина би се осмелиле да кажат дека изгледа како да ѝ е ќерката на Брена. - Јас сум нејзината несудена ќерка - се пошегува Мајда Стојановиќ во интервју за „Прва“, пренесува „Hello“, а и нејзиниот глас на многумина тогаш им звучел познато. Таа откри и како луѓето често ја запираат на улица за да ѝ кажат дека личи на Брена.

Внуката од сестра, на Лепа Брена е мажена од 2012-та година, има син и ќерка и живее со своето семејство во Келоун, град во западна Канада помеѓу Ванкувер и Калгари. Инаку, таа е експерт за подигање на свеста за аутизмот.

View this post on Instagram

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)


Извор: www.espreso.co.rs

*Има трик за да го „прелажете“ гладот: Лепа Брена откри како ослабела 3 килограми за 4 дена (МЕНИ)