Има трик за да го „прелажете“ гладот: Лепа Брена откри како ослабела 3 килограми за 4 дена (МЕНИ)
Југословенската музичка дива Лепа Брена е позната по виткиот изглед, а неодамна за кратко време успеа да ослаби три килограми, па поради нејзината висина многумина коментираат дека изгледа како да ослабела најмалку десет килограми.
Познатата пејачка Лепа Брена истакнува дека неодамна се посветила на себе, прв пат по децении. Поради природата на работата и честите патувања, не можела секогаш да биде организирана и дисциплинирана кога е во прашање планирањето на менито, но сега и успеало.
- Целосно се посветив, после 40 години. Никогаш немав пауза повеќе од еден месец, па не можев да се грижам за исхраната, бидејќи не бев често дома. Сега ја искористив можноста да одморам, но и да го сменам начинот на исхрана – истакнала Брена за Блиц.
Како што објасни пејачката, првите резултати се веќе видливи, а зад себе оставила се што е нездраво. Не само што изгледа подобро, туку и се чувствува подобро.
- Нездравата храна за мене е минато. Масни производи не доаѓаат предвид! Не јадам колачи и се чувствувам многу подобро. Се што подготвувам го готвам во вода, без капка масло. Успеав да го натерам и Боба на здрава храна. Сега и нему му се допаѓа. Успеа да ослаби малку, а и јас ослабев три килограми, но поради мојата висина многумина мислат дека сум ослабела најмалку десет килограми - објасни Лепа Брена.
Таа истакна дека за време на одморот во Тајланд, нејзиниот сопруг Слободан Боба Живојиновиќ и таа неколку дена биле на строга диета за да ги исфрлат токсините од телото и, спротивно на популарното верување, оваа програма не ги исцрпила - напротив, пејачка истакнува дека била полна со енергија!
- Во Пукет, Боба и јас бевме на детоксикација. Четири дена јадевме само зеленчук за појадок, ручек и вечера. Се чувствував одлично, имав многу енергија - забележува Брена.
Пејачката почнала и со тренинзи, а повеќе од тоа како ќе изгледа, ја интересира како ќе се чувствува и да биде енергична.
МЕНИ на Лепа Брена:
Појадок: Смути од зелен чај
Ручек: Зеленчук на скара и зелена салата
Вечера: чорба од тиква
Бонус трик: Кога сте гладни, испијте чаша вода или чај од ѓумбир бидејќи тоа може да го „прелажи“ гладот кој го чувствувате.
извор:GLOSSY