Лепа Брена и Боба за 30 години брак уживаат на Тајланд: Во 7-та деценија изгледа заносно во костим за капење (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Боба и Брена отпатуваа на далечна дестинација, каде уживаат во топли и сончеви денови, далеку од студената зима и снегот.

Пејачката Лепа Брена и нејзиниот сопруг, поранешниот тенисер Слободан Боба Живојиновиќ отпатуваа во Тајланд за да прослават 30 години брак.

Она што особено ги воодушеви следбениците на пејачката е фотографијата која таа ја сподели на својот Инстаграм. Имено, таа лежи на плажа во лежалка и на тој начин покажа како изгледа во 7-мата деценија. Сепак и нејзиниот едноделен костим за капење придонесе оваа фотографија да привлече големо внимание. Таа носи корален костим, во дизајн е одличен за да ги нагласи женските атрибути, и да ги скрие несовршеностите.

Дизајниран е посебно да ги нагласи нозете и облините, а неговата нијанса е таква што може да го нагласи исончаниот тен. Заедно со него Брена искомбинирала темни очила со кои се заштитила од сонцето.

Дека славниот пар ужива во летниот одмор покажува и нивната заедничка фотографија, како и зборовите на пејачката под неа:

- Љубовта не мора да биде совршена, туку само искрена.


Да потсетиме дека од оваа љубов тие добија два сина Стефан и Виктор, а пејачката со овие зборови ја опишува нивната судбоносна средба.

-Кога го запознав Боба ми се допадна неговата спонтаност и искреност и знаев дека како мене и тој нема многу време за губење, бидејќи нашите кариери тогаш беа во својот зенит. Си реков - сега или никогаш! Се сеќавам, се запознавме по премиерата на првиот дел од филмот „Ајде да водиме љубов“ во Домот на синдикатите. Нè запозна Рака Ѓокиќ. Се сеќавам дека дадов интервју за „Илустрирана политика“ и дека Рака и новинарката ме затворија во канцеларија за во мир да разговараме. Во одреден момент влезе Рака со Боба и нè запозна – истакна тогаш Брена.

извор:GLOSSY