Колку би болело некој да ги повлече: Меган Фокс и Машин Ган ги поврзаа ноктите со синџири, јавноста згрозена од глетката
Меган Фокс и нејзиното момче Машин Ган Кели ги поврзаа ноктите со синџири и така дојдоа на забавата по повод лансирањето на неговата колекција унисекс лакови за нокти.
Меѓутоа, кога помисливме дека нема ништо повеќе со што Меган Фокс и нејзиното момче Машин Ган Кели би можеле да не изненадат, контроверзниот пар дојде до нова идеја.
Овој пат решија да ја покажат својата љубов врзувајќи се со синџири, но како тоа само по себе да не е доволно бизарно, тие избраа истите тие синџири да ги закачат на ноктите.Сцената ги збуни сите присутни, а многумина само му се помолија на Бога, некој случајно да не ги допре, бидејќи последиците би биле, во најмала рака, катастрофални и многу болни дури и кога само ќе размислите за тоа.
Инаку, повод за вакво нешто беше забавата што ја организираше контроверзниот рапер по повод лансирањето на неговата колекција на UN/DN LAQR унисекс лакови за нокти во Западен Холивуд..
Актерката избра сако над кое носеше сатенско здолниште со монистра и целиот изглед го заокружи со накит кој е многу популарен во последните месеци.
Парот можеби изгледаше привлечно, но синџирите на многумина им беа „премногу“.Секако, коментарите не изостанаа и овој пат.
„Замислете некој да ве повлече, колку би болело“, „Колку е ова непрактично“, „Разбираме, се сакате, но сега сте навистина досадни“, „Кога сакате да бидете единствени, а излегува дека сте смешни“... можеше да се прочита на мрежите. Меѓутоа, ако се земе предвид се' друго што направија еден за друг, ова всушност не е толку претерано, освен што е повеќе од непрактично и потенцијално опасно.
извор:wanted.mondo