Кончита е воодушевена од Констракта: Божествена е, таа е овогодинешниот победник

Кончита ги коментираше овогодинешните претставници на сите земји, а судејќи по нејзините коментари, нејзиното внимание го привлече и Констракта.

Кончита Вурст, жена со брада, беше најконтроверзната победничка на Евровизија во 2014 година, а сега ја коментираше и претставничката на Србија на овогодинешниот натпревар, Ана Ѓуриќ - Констракта.

Кончита не криеше дека е воодушевена од комплетниот изглед на Констракта, од изгледот, шминката, па се до настапот и песната - поради што ѝ ја предвиде победата.

- Ми се допаѓа нејзината шминка, да, одлична е. Србија, овогодинешниот потенцијален победник. Таа е божествена, ја сакам, многу ја сакам - изјавила Кончита.


Под видеото кое беше објавено на Инстаграм профилот на Кончита имаше само позитивни коментари.

Да потсетиме, Кончита - жена со брада во 2014 година воодушеви со своето присуство на Евровизија, но малкумина знаат дека зад псевдонимот Кончита се крие харизматичен, убав маж Томас Њуворт.

Таа уште во 2014 година крена сериозна прашина и полемики со својот изглед, а благодарение на својата автентичност победи.


Фото: Инстаграм