ЛЕСНИ ТРИКОВИ ЗА УБАВИНА: Французинките се колнат во нив!

Добивај вести на Viber

Опуштен, но секогаш беспрекорниот изглед на Французинките е идеал кон кој тежнеат барем повеќе од дамите. Но, зад него всушност не се крие толку филозофија туку едноставен и природен пристап на нега на кожата и косата, како и шминкањето. Во продолжение ви откриваме шест трикови кои се кријат за убавината на Французинките и нивниот опуштен изглед.

Заборавете на фен

Французинките не ја сушат и чешлаат косата и тоа ќе ви го кажат од Каролина де Мигет до Џена Дамас. Топлите денови се пред нас па испробајте го овој трик. Едноставно измијте ја косата и оставете да се исшуши на воздух. Ќе добиете совршена опуштена фризура.

Кога е во прашање шминката-помалку е повеќе!

Нема ништо попривлечно од здрава и сјајна кожа која изгледа прекрасно без шминка. Затоа слушајте ја својата кожа и набавете производи кои и одговараат и не заборавајте да си удоволите себе си со купки и маски за лице.

Да се чувствувате добро во своја кожа мора да биде императив

Повеќедневни чистења со сокови, детоксификациски клиники и болни третмани за убавина не се нешто што Французинките ќе го прифатат. За нив убавината пред се значи да се чувствувате добро во своја кожа и да имате самодоверба и верба во себе. А нема ништо попривлечно од тоа!

Не заборавајте на парфемот

Тој е заштитен знак на секоја Французинка и обично најдат мирис кој им одговара веќе до 30 година и од него повеќе не се одвојуваат.

Секогаш изгледајте како да не сте се потрудиле премногу

Вистинската тајна на францускиот шик наводно е токму тој ефект кој говори дека воопшто не сте се потрудиле околу својот изглед. 

Затоа прифатете ги советите од претходните точки, носете опуштена фризура и малку шминка, и внимавајте никогаш да не изгледате пресовршено. Французинките сами ќе ве советуваат малку да го размачкате карминот за да изгледате како некој случајно да ве бакнал бидејќи тоа е дел од нивниот шарм и тој необјаснив шик кон кон се стремиме.